|




 
|
Идејата за YCS YMCA Македонија - Скопје е родена во 1999 година, во време на
големата криза на Балканот и на новите предизвици и несигурности за граѓаните на
Македонија, и официјално основана во 2000 година, во зората на новиот милениум.
Во моментов, ние можеме да ги избриме различните предизвици, очекувања, успеси,
пријателства и заедничките радости. Во изминатите години на работење. Имаме на
што да бидеме благодарни и горди. Континуираната
поддршка од нашите пријателски
YMCA организации,
други партнери и поддржувачи, придонеси од различни агенции, фондации и
компании, како и довербата дадена од многу институции и голем број млади луѓе
овозможија YCS YMCA Македонија да се стабилизира, да ги зајакне своите
капацитети и да ги прошири своите работни области. Овие цели се длабоко
вкоренети во нашата мисија и тие се главната сила за нашата работа. Тоа е
причината зошто, YCS YMCA Македонија работи со голем ентузијазам за да постигне
и им помоге на младите луѓе, каде и да се - во училиштата, фирмите, клубовите,
младинските центри, или на улиците. Ние ќе бидеме таму со децата и
младите луѓе од Македонија и со нивните семејства и заедници да се соочиме
заедно со проблемите, да се создаде стабилност и да се осмелуваат да
експериментираат при преземање алтернативни патишта, а најмногу од сè,
YCS YMCA Македонија секогаш ќе биде тука
за да им даде надеж, љубов и подршка.
|
YMCA
движење
|
Во 1844 во Лондон живеел Џорџ Вилијамс, еден млад трговец на перде. Во
1840 владеел тежок период, особено во Лондон. Англија била во средината на
Индустриската револуција. Овој период е одбележан како болно време за многу
работници, а текстилната индустрија е една од најтешко погодените.
Богатството, моќта и корупцијата биле
распространети, имало еден голем јаз меѓу богатите и сиромашните и условите за
живеење биле на многу ниско ниво. Работните услови, дури и за младите
момчиња и девојки, биле многу лоши. Со малку слободно време и без да може да се
замине некаде, многу млади луѓе биле привлечени во коцкањето, пиењето и
неморалниот начин на живот. Џорџ Вилијамс, посветен христијанин го сменил
мислењето и решил дека нешто е потребно да се направи.
Тој собрал неколку пријатели за да формираат
организација, во која би се состанувале редовно и ќе се поддржуваат еден со друг
во период на лоши времиња со што би добиле поголема духовна сила. Групата
се нарекува Организација на млади христијански мажи (YMCA). Идејата за
YMCA е прифатена брзо.
Во еден момент тоа движење се шири низ Европа,
Америка и во 1851 година, пристига во Аделаида Австралија. Толку било
влијателено движењето, што во рок од 10 години, 38 здруженија биле основани во 8
земји. Во 1855, 99 претставници од 38 здруженија се состанале во Париз, и го
основале Меѓународниот сојуз на YMCA. На состанокот биле присутни многу првенци,
вклучувајќи го и првиот меѓународен собир на христијанските лаици. Состанокот во
1855 го инспирирал и првиот секретар на YMCA Женева, Анри Динан, да се
искористат слични методи за да се инаугурира и Меѓународниот Црвен крст.
|
| |
|
|
|
|
|
| |
| |
|
|
|
|
|
| |
|
|
|
|
|
СПОЈУВАМЕ РАЗНОВИДНОСТ, КРЕАТИВНОСТ, РАБОТА, ЗАБАВА И ВЕРА НА МЛАДИ ЛУЃЕ ДА
ИЗГРАДАТ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА ЗА СИТЕ
|
|
|