ФАРЕ  2011

 
 

Традиционално и годинава МХД УМКА беше дел од ФАРЕ( Фудбал против расизам во Европа) акционата недела која се одржа од 12-25 октомври и во која беа вклучени  42  земји од сите страни на Европа . МХД УМКА го одржа својот традиционален турнир во мал фудбал на 16-17 октомври. Покрај фудбалскиот турнир на 23 октомври се одигра и ревијален натпревар со екипата  на Студентскиот парламент на Филолошкиот факултет кој исто така беше учесник во акционата седмица со свои активности. МХД УМКА е навистина горда што беше дел од стотина активности ширум Европа кои придонесоа за испраќање на силна порака против расизмот и дискриминацијата во фудбалот и спортот.

 
 
СПОЈУВАМЕ РАЗНОВИДНОСТ, КРЕАТИВНОСТ, РАБОТА, ЗАБАВА И ВЕРА НА МЛАДИ ЛУЃЕ  ДА ИЗГРАДАТ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА ЗА СИТЕ

 
Copyright © YCS - YMCA Macedonia & Contributors.